Facebook тестира спонзорирани резултати во својот пребарувач, објави Techcrunch. По рекламите во реалнo време, рекламите на мобилнатa aпликација и „сакам копчето“, ова е уште еден во низата на можости за рекламирање кои ги испитува Facebook. Новите реклами ќе се прикажуваат во полето за пребарување.
Интересно ќе биде да видиме дали ова ќе биде најава за вовед во Facebook пребарувач. Моментално во најголем број случаи пребарувачот на Facebook се користи за пронаоѓање на пријателите. Каква тогаш ќе биде релевантноста на најголем број на спонзорирани резултати, иако можеби рекламите ќе излегуваат во зависност од интересите на корисникот?
„Во моментов тестираме можност за спонозорирани резултати заедно со резултатите кој луѓето ги бараат на Facebook. Се обидуваме да им покажеме на луѓето апликации и веб страни кои ќе им бидат интересни.“ изјави Facebook за Inside Facebook.
Kако и за Twitter ракламите, така и тука наплатите ќе бидат од „клик“, што би требало да значи дека Facebook ќе се обидe почесто да ги прикажува рекламите кои почесто имаат резултати. Новите реклами, ако Facebook воопшто ќе реши да ги интегрира, ќе имаат за цел да и донесат на друштвената мрежа поголем приход во моменти кога на берзата и не им оди баш најдобро.









