0 коментари 1 мин. читање 9 септември, 2011

Facebook тестира опција за „паметно“ филтрирање на пријателите

Друштвената мрежа тестира промени на фидот со вести, меѓу кои и филтри за листи на пријатели и Smart Lists за автоматско организирање на пријателите.

Smart Lists опцијата ги организира пријателите во три групи: соработници, луѓе што ги познавате од школо и локални пријатели. Ова автоматска листа сигурно е за да се мотивираат корисниците да ги организираат пријателите, за на крај да се постигне ефектот како кај Google+ Circles каде пријателите се организараат лесно, и со тоа се добива поголема контрола врз приватноста бидејќи се контролира кои постови се споделуваат со кои групи (кругови). Најверојатно ќе постои и опција да се креираат персонализирани групи кои Facebook автоматски ќе ги полни со пријатели зависно од некоја специфична карактеристика или локација.

Овие опции моментално се тестираат, нема коментар од Facebook кога ќе бидат стартувани.

(via TechCrunch)

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top