Мicrosoft најави во блог пост дека Windows 8 ќе стартува многу, многу побрзо од неговите претходници.
Според анкета на Microsoft, 57 отсто од десктоп корисниците и 45 отсто од корисниците на лаптопи и ноутбукови комплетно ги гасат машините, наместо да ги стават во хибернација, главно да се избегне трошењето на електрична енергија. Ова значи и дека оперативниот систем поспоро стартува, па затоа Microsoft направени промени во Windows 8 во кој сега кернел сесиите се префрлаат на диск, односно при гасење оперативниот ситем хибернира наместо да се гаси целосно и да мора се да се вчитуваат корисничките сесии од почеток, туку тие од диск се префрлуваат назад во меморијата. Ова резултира во побрзо стартување, околу 30-70% побрзо, зависно од тоа што има инсталирано на компјутерот.
Тоа што е интересно е што Microsoft објави видео во кое го бутира Windows 8 за 2 секунди. Мојот Windows 7 се стартува за скоро 2 минути, што го прави стартувањето од 2 секунди скоро неверојатно, но треба да се има на ум дека ова е демо со оптимизиран ОС и машина. Сепак, ако Microsoft успее да го намали стартувањето дури и на 30 секунди, многу повеќе од тоа што е демонстрирано, тогаш би бил задоволен.

Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.