1 коментар 2 мин. читање 25 јуни, 2012

Facebook тестира опција со која може да ги лоцирате пријателите

Facebook има опција преку која може да се лоцираат најблиските пријатели и други Facebook корисници. Оваа опција не е официјално стартувана, но TechCrunch откри дека е достапна преку мобилната верзија и iOS и Android апликациите.

Опцијата звучи како да е создадена за фанатиците и манијаците, но потребно е прво да му одобрите на Facebook да ве лоцира, односно да бидете на страната пред да бидете лоцирани. За Facebook кој сака да ги поврзе сите аспекти од животот, оваа локациска опција е само следно ниво на продолжување на пријателствата. Kaко што вели инжинерот Рајан Патерсон кој го направил Find Friends Nearby, алатката најмногу ќе користи ако сакате лесно и брзо да споделите информации за контакт со пријатели со кои првпат сте се сретнале.

Но, тука не зависи од мрежата, туку од корисниците. Прашање е колку луѓе би се согласиле да бидат следени од своите стотици Facebook пријатели, повеќето кои не ги ни познаваат лично или пак некој комплетно непознат?

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Стефан
Стефан
14 years ago

"Опцијата звучи како да е создадена за фанатиците и манијаците…", а заборавено е и треба да се додаде и за крадците :)

Мени
Заедница
Изглед
To top