0 коментари 2 мин. читање 25 јуни, 2012

Oсновачот на Megaupload се враќа со нов проект

Откако му беше укината забраната за користење на интернет, Ким Дотком, основачот на Megaupload против кој има поднесено неколку тужби и е баран за екстрадација во САД, го објави својот нов Twitter профил – @KimDotcom.

Тој на својот профил испрати благодарност до сите негови поддржувачи меѓу кои е и Стив Возниак, ко-основачот на Apple, кој го посетил додека тој бил во куќен притвор. При тоа, во интервју за TorrentFreak, Дотком изјави дека е голем поддржувач на г. Возниак кого го гледа како легенда.

Исто така, Ким Дотком во еден твит го најави својот ново-стар проект кој не се реализираше поради неговото апсење во февруари, а беше планиран како сајт на кој артистите ќе може да ги продаваат своите изведби и ќе имаат 90% од заработувачката.

Но, бидејќи сѐ уште сметките на Дотком се замрзнати, можеби ќе има неколку одложувања на пуштањето на овој сервис или пак според неговиот твит на 19 јуни, истиот ќе биде претставен како производ на неговата жена.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top