Facebook тестира автоматско синхронизирање на фотографии на Android уреди

1 коментар 1 мин. читање

Друштвената мрежа тестира автоматско синхронизирање на фоографии на телефоните кои работат на Android. Вакво автоматски синхронизирање веќе видовме кај DropBox, Apple iCloud и други веб сервиси, но сите тие се во суштина веб складишта за складирање на фајлови, додека Facebook е платформа за содржина. Но, во исто време Facebook e место каде што првин ги закачуваме сите наши фотографии.

Новата опција се нарекува Photo Syncing, и според Verge, ги закачува фотографии приватно со можност Аndroid корисникот подоцна да се логира на Facebook и да ги одбере и сподели.

Синхронизацијата на фотографиите се случува во моментот на сликање, иако апликацијата внимава на батеријата и на опциите за синхронизација пред да ги закачи на Веб. Пример, постои опција да се синхронизираат фотографии само ако е на WiFi мрежа.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top