2 коментари 2 мин. читање 12 септември, 2012

Facebook телефон е погрешна стратегија, вели Закерберг

Во своето прво интервју на TechCrunch Distrupt по излегување на Facebook на берзата, што многумина уште го оценуваат како фиаско, основачот на друштвената мрежа, Mарк Закерберг рече дека изгубиле две години со форсирање на HTML5 наместо да се фокусираат на нативни Android и iOS апликации.

Објаснувајќи ја мобилната стратегија, и што научија од грешките до сега, Закерберг вели дека Facebook брендиран телефон е погрешен чекор бидејќи ќе привлече само 10 милиони купувачи, додека мрежата има над 950 милиони корисници. Според него, најдобар начин е да се креираат нативни мобилни апликации, оптимизирани за Android и iOS, кои ќе го понудат најдоброто корисничко искуство.

„Сакаме да изградиме систем кој ќе биде длабоко интегриран, колку што е можно повеќе, во секој популарен уред кој луѓето сакаат да го користат.“, вели 28-годишниот основач.

Во тој контекст, Закерберг најави дека, покрај веќе објавената нова iOS апликација, наскоро ќе се појави нативна Android апликација. Но, според него, ќе биде „готова кога ќе е готова“.

Интересно, вчера по интервјуто на Закерберг акциите на Facebook се искачија од 19,43 на 20,08 долари, но сепак се далеку од првичната цена од 38 со која Facebook излезе на берзата.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
ерол
ерол
13 years ago

Закерберг??????

IT.com.mk
Admin
13 years ago
Reply to  ерол

Да, Закерберг – http://www.forvo.com/word/mark_zuckerberg/

Мени
Заедница
Изглед
To top