Facebook стартува поедноставни опции за приватност

Опциите се едноставни и содржат една страна во која може да се намести приватноста на постовите, пријателите, да се намести како луѓето ве наоѓаат на Facebook и кои информации да споделите, како и можност да сте на страна од плагините на другите сајтови. Старите сетинзи за секој поединечна информација ќе останат, додека новиве поедноставните опции се само лесен начин за брзо местење на целата приватност.

Интересна промена е како првично ќе ги наместите опциите тие така ќе бидат за сите нови промени и сервиси на Facebook. Ако наместите да споделувате информации само со пријателите, тогаш кога Facebook ќе стартува нов сервис тој сервис ќе биде наместен да споделува само со пријателите. Воведена е и опција каде поедноставно можете да ги исклучите апликации или веб сајтовите.

Facebook стартува и нова веб страна со објаснување за новите опции и кој дел што значи. Ќе забележите дека на сликата под „препорачани“ опции вашите слики, биографија и постови се наместени да бидат јавни т.е секој да може да ги види што е малку лицемерно од Facebook да при објавување на нови опции за подобра приватност да „recommend“ комплетно да ги споделите фотографиите и постовите.

Опциите полека се појавуваат кај корисниците, така да ако не ги видите веднаш без грижи, до крајот на денот во наредниве недели ќе бидат достапни за сите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Ванчо Орданоски

Британската организација „Privacy International“ на ова реагираше со „разочарување и фрустрација“, како што стои во нивното соопштение (http://www.privacyinternational.org/article.shtml… ).

Тие велат дека Фејсбук „ги поправил само најнеприфатливите поставки на приватноста на сајтот“. Понатаму, велат: „Многу малку се има променето во вкупниот предизвик на приватноста кој корисниците на Фејсбук мораат да го совладаат“.
За крај, измените ги карактеризираат како (во слободен превод): „шашма“.

ACLU (http://www.aclu.org/ ), иако во основа ги пофалува новите потези на Фејсбук, тврди дека — сепак — потребно е да се направат уште измени и, во основа, „… да се врати статусот од минатата година, кога најголемиот број на кориснички информации стандардно беа приватни…“.

Ете, така, сега информацијата ви е комплетна. FTFY.

види ги сите огласи на kariera.it.mk