Facebook собра над 10 милиони долари за жртвите на ураганот Харви

0 коментари 1 мин. читање

Најголемата друштвена мрежа помогна во собирањето над 10 милиони долари за жртвите на ураганот Харви. Најголем дел од средствата доаѓаат од кампањите на друштвената мрежа, но Facebook и самиот донираше 1 милион долари.

Ураганот Харви опустоши дел од Тексас, и досега има 39 жртви. Најпогоден е Хјустон, каде направената штета е проценета помеѓу 97 и 108 милијарди долари. Харви е најголема бура која го погодила САД последните 10 години.

„Напорната работа за обнова продолжува. Нѐ инспирира тоа што го гледаме, луѓето доаѓаат и си помагаат. Посветени сме на изградбата на сервиси кои ги зближуваат луѓето – како овие алатки за хуманитарни акции – затоа што знаеме кога луѓето работат заедно можат да подобрат многу работи“.

Facebook освен во Тексас организира кампањи за поддршка и во Јужна Азија, која како и САД е погодена од врнежи.

Најголемата друштвена мрежа има и алатка која им овозможува во случај на несреќа, корисниците да им кажат на своите пријатели дека се безбедни, потсети Recode.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед