BiliScreen е селфи апликација која може да дијагностицира рак на панкреас

0 коментари 1 мин. читање

Камерата на паметните телефони и самите телефони се доволно моќни да се користат и во медицински цели. На почетокот камерата на iPhone се користеше за детектирање на цревни паразити; па со апликација се препознаваа комарци, дури има и решенија за рана детекција на ракот.

Во оваа насока и е апликацијата BiliScreen. Софтверот преку селфи фотографија детектира опасност од рак на панкреас. Апликацијата може да забележи пoжолтување на очите. Ова пожолтување се јавува поради појавување на билирубин во крвотокот.

Ракот на панкреас не единствената причина поради која пожолтуваат очите, но е најопасната. Засега на телефонот му е потребен дополнителен пластичен додаток, но развивачите на BiliScreen се надеваат дека во иднина апликацијата ќе работи без овој дел.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед