0 коментари 1 мин. читање

Facebook сака нов и поевтин уред за виртуелна реалност

Facebook сака Oculus да изработи нов уред за виртуелна реалност, кој ќе биде поевтин, а со тоа и подостапен за корисниците. Дури и основачот на друштвената мрежа во своето обраќање оддели време за да проговори за превисоката цена на уредот.

„Веруваме дека постои уред кој ќе биде самостоен продукт, којо ќе биде квалитетен и поевтин, но и ќе може да го земете со вас надвор. Премногу е рано и не сакам премногу да ви подигам очекувања.“, вели г. Марк Закерберг.

Новиот уред најверојатно ќе биде налик на Daydream на Google. За разлика од уредот на Google за кој е неопходен паметен телефон, уредот на Facebook ќе работи самостојно. Сепак, најголем дел од корисниците имаат паметни телефони па дополнителни уреди како Galaxy Gear или Daydream не се прескапи. За разлика од ова уредот на Facebook ќе доаѓа самостојно и најверојатно ќе биде сепак поскап.

Заедно со оваа најава дознавме дека компанијата наскоро ќе започне да испорачува нови слушалки, а и Oculus Touch контролерот доаѓа во декември, иако претпродажбата започнува веќе следната недела. Цената на уредите е 50, односно 200 долари.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top