1 коментар 2 мин. читање 24 септември, 2012

Facebook сака да ги пријавите пријателите со лажни имиња

Доколку ги отворите правилата на Facebook, ќе прочитате дека „Facebook е друштвена мрежа каде што луѓето се поврзуваат користејќи ги своите вистински имиња“. Со секое користење на друго име, вие го прекршувате тоа правила и Facebook сака да ве спречи во тоа.

Со оглед на тоа дека брои скоро милијарда корисници, тешко е самите да ги издвојуваат таквите корисници, па од Facebook ја бараат поддршката од корисниците.

Компанијата започна со имплементирање на нова опција со која од корисниците ќе бара да го потврдат точниот идентитет на своите пријатели. Ќе добиете прашање од типот „Дали ова е вистинското име на вашиот пријател?“, а на вас останува искрено да одговорите, или пак да одбиете да одговорите на тоа прашање. Вашиот одговор ќе биде анонимен, вели Facebook.

„Овој систем доживеа неколку различни верзии во последниве две месеци. Се променува зависно од прашањето.“, потврди Facebook за TPM.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Spirit
Spirit
13 years ago

Mamicata mamaina!

Мени
Заедница
Изглед
To top