Facebook продава 420 милиони акции во цена од 38 долари

По осум години, Facebook веќе не е приватна компанија. Од денес излегува на њујоршката берза нудејќи 420 милиони акции по поединечна цена од 38 долари. Друштвента мрежа очекува да добие околу 16 милијарди долари од првиот ден на тргувањето. Ова е најголемото почетно нудење во историјата на САД што ќе ја качи вредноста на Facebook над 100 милијарди долари, што е над 100 пати повеќе од годишните приходи. Ќе има дополнителни 63 милиони акции кои се резервирани во случај да има преголема побарувачка.

Парите кои ќе ги собере Facebook ќе бидат посветени на понатамошен развој, но и за исплаќање на првичните инвеститори кои и помогнаа на компанијата да стане најголемата друштвена мрежа во светот со над 900 милиони корисници.

Најмногу пари од продажбата на акциите ќе добие 28-годишниот основач Марк Закерберг – околу 1,5 милијарди долари, со уште 19 милијарди долари од акции кои ќе ги сочува, според сегашнава цена. Неколку инвеститорски фондови ќе добијат над милијарда долари, додека другите, вклучувајќи го и Microsoft, ќе добијат околу стотина милиони од продажбата на пуштените акции.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments