0 коментари 2 мин. читање 18 мај, 2012

Стив Џобс работел на редизајн на новиот iPhone со екран од 4 инчи

Покојниот Стив Џобс бил инволвиран во редизајнирањето на iPhone кој, како што дознавме пред некој ден, ќе има поголем екран од 4 инчи, наместо 3,5 инчниот каков што имаат сите досегашни модели.

Според Bloomberg, култниот директор на Apple работел на новиот изглед на телефонот пред неговата смрт во октомври. Интересно, во 2010-та година г. Џобс ги критикуваше телефоните со големите екрани велејќи дека никој нема да купи „голем телефон“. Но, денес работите се драстично сменети и корисниците посакуваат уред кој ќе им понуди беспрекорно сурфање и читање преку мобилен уред.

Промена на дизајнот на iPhone ќе биде првата поголема промена по претставувањето на iPhone 4 во 2010-та година. Целта е новиот iPhone да биде поконкурентен на пазарот кој во моментов е опседнат со уредите на Samsung кои имаат поголеми екрани од 4 инчи (10cm).

Новиот iPhone може да се очекува во октомври, предвидуваат аналитичарите за Bloomberg.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top