Од мобилен, директно на веб!

во Совети

{mosimage}Shozu е популарна апликација и веб портал кој овозможува да објавувате фотографии и видеа од вашиот мобилен телефон директно на 51 популарни онлајн сервиси како Facebook, Flickr, Twitter, Blip.tv…, да ги пратите преку е-маил или пак да ги закачите на вашиот FTP сервер.

Ја инсталирав Shozu апликацијата за Windows Mobile на мојот мобилен телефон – Palm Treo Pro, (иако го немаше моделот кој јас го имам, во менито одбрав телефон кој е базиран на ист оперативен систем) и го тестирав сервисот со испраќање слики на мојот Twitter профил, и официјалниот Flickr профил на IT.com.mk.

{mosimage}

Shozu е доста лесен за користење, откако ќе ја преземате апликацијата и ќе се регистрирате преку сајтот, сервисот се интегрира со камерата на вашиот телефон, па така за секоја нова фотографија или видео ќе бидете запрашани дали сакате да ги објавите на некој онлајн профил кој ви е подесен преку сајтот Shozu.com.

{mosimage}

Секако, постои и опцијата целосно да го исклучите Shozu, или пак да го автоматизирате процесот и секоја нова слика/видео автоматски, без ваша потврда да се објавува онлајн.

Сервисов работи одлично и брзо, пред сé е бесплатен. Навистина е корисен доколку сте на некој настан или конференција каде што имате интернет пристап на вашиот мобилен, па со помош на Shozu и неколку клика веднаш ќе ги објавите саканите содржини, без притоа да ги префрлувате на компјутер па од таму да ги закачувате онлајн.

{mosimage}

Доколку го искомбинирате Shozu со некој од онлајн сервисите за пренесување на видео во живо од мобилен, ќе имате можност да одржувате моќна комуникација каде и да сте.

Shozu е достапен за мобилните телефони базирани на Windows Mobile, Symbian, iphone и Java… Листата на поддржани телефони можете да ја пронајдете тука, а за целосна листа на сајтовите на кои можете да ги објавувате вашите фотографии, тука.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments