1 коментар 2 мин. читање 9 декември, 2011

Пиксел очила за сонце

Што е заедничко за Tом Круз, Рик Астли, Боб Дилан, Џастин Бибер (headbang), Мајкл Џексон, Енди Вархол, па и Парис Хилтон (уште еден headbang)….?!?! Се разбира, ништо… :) Освен единствените, неповторливите, класичните Ray-Ban Wayfers oчила за сонце, произведени уште од далечната 1956 година.

Од тогаш наваму, популарните очила поминаа низ повеќе адаптации и трансформации… за конечно да бидат и пикселизирани од страна на Ѕимитри Самал, современ дизајнер кој живее и работи во Париз.

Во својата футуристичка ретро колекција очила за сонце, Ѕимитри има два модели кои нам ни се од посебен интерес – 5dpi и 6dpi. Дизајнот на двата модела очила е инспириран од Тетрис и компјутерската графика на доцните осумдесети години.

Осмислен со цел да ги одрази дигиталните корени на денешното дигитално општество, овој цвик укажува на тоа колку технологијата влијае на сè во нашето секојдневие, вели Ѕимитри.

Ова пиксел задоволство чини околу 300 евра и можете да го набавите на следниов линк. Во секој случај, кул.

Напишано од

Јована Зука

Јована Зука е маркетинг специјалист во <a href="http://glitchagency.com">Glitch Agency</a>, интерактивна маркетинг агенција во сопственост на IWM Netwоrk и ко-основач на <a href="https://www.lift.fashion/">ЛИФТ</a>.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Филип
Филип
14 years ago

Колку сака кул нека биди, зошто некој би дал 300 евра за парче пластика

Мени
Заедница
Изглед
To top