Повеќе искористување на моќта на процесорите преку „спринтување" на процесорот

Истражувачи од Универзитетот на Пенсилванија и Универзитетот на Мичиган се близу до решавање на проблемот со прегревањето на процесорите, а воедно како да се искористи максималната брзина од истите. Досега само еден дел од процесорот може да функционира кога се работи за мобилни процесори кои мораат да останат доволно ладни без вентилатор.

Останатите транзистори кои се исклучени се нарекуваат „темен силикон” и според тимот што го истражуваат овој проблем, темниот силикон само ќе расте, како расте брзината на процесорите, а не расте способноста ефективно да се справиме со топлината.

Решението на овие научници доаѓа во форма на спортска метафора. Исто како што спринтерот може да одржи висока брзина за пократок период, па потоа да се одмори, така може да прави и процесорот. Овој метод на максимално искористување на процесорите ќе се состои од рафали од висока активност и брзина на процесорот, што не траат повеќе од една секунда и фази на оладување каде активноста ќе се поврати на едно пониско ниво.

Наспроти ова, денешните процесори работат повеќе како луѓе што се натпреваруваат на долги патеки, за кое време треба константно да одржуваат една брзина и една иста топлина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
zoran
zoran
14 years ago

otsekogas mi se dopagale novi, inovativni idei.Mislam deka idejata im e super. Ako nekoj kaze deka ne e vo red, toa e od ljubomora :S

pero
pero
14 years ago

^zajakot izgubi zatoa sto zastanuvase celosno, a ne zatoa sto izmegju sprintovite trcase so normalna brzina

@PsychoManiaC995
14 years ago

Значи ти ја всушност објаснуваш приказната зајакот и желката, дека сега процесорите се желката, а со „спринтување“ ќе станат зајакот. Па ако ја знаете приказната размислете малку, нели зајакот трчаше па застануваше да се одмори, додека желката со константна брзина секогаш го стигнуваше и дури не ни беше изморена. Заменете ги само зајакот и желката со процесорите и заморот со топлината…

види ги сите огласи на kariera.it.mk