Facebook ја отвори анкетата за корисниците за гласање за предложените промени за приватност, и можете да гласате во следните 7 дена, односно до 10ти декември. Препорачливо е да сите корисници да гласаат, бидејќи се работи токму за вашите информации и како Facebook се справува со истите.
Но, од друга страна пак, доколку 30 посто од корисниците „не излезат“ на гласање, промените нема да поминат. На апликацијата која ја објави Facebook, можете да ги видите предложените промени, да гласате и да го видите резултатот од гласањето.
Facebook на 4ти декември во 9:30 AM PST организира стрим во живо, на кој корисниците ќе може да постават повеќе прашања за промените и евентуални промени за подобрување на приватноста на корисниците.
Препорачаните промени можете да ги видите овде.