Facebook повторно со промени во изгледот

во Веб

{mosimage}Facebook, по претходните најави дека ќе менува дел од својот релативно нов изглед, полека започна да ги имплементира планираните измени. Најголемите промени ќе бидат објавени на почетната страна каде што ќе се даде поголемо внимание на вестите во реално-време, налик на она што се случува на Twitter.

Меѓудругото, ќе бидат претставени и подобрени филтери за тоа што корисниците сакаат да им биде прикажано, можност за побрзо споделување на фотографија или видео, страните наменети за сајтови и бизниси ќе добијат исто така статус пораки и ќе бидат многу слични на самите кориснички профили.

А промената која доби најмногу критики и беше наречена "чиста копија на Twitter" е придавање на поголема важност на статусите на корисниците кои одсега ќе одговараат на прашањето "Што е на вашиот ум?". По додавањето на опцијата за коментирање на статус пораките, Facebook несомнено го "краде" моделот на Twitter, сервисот кој пред само неколку месеци се обиде да го купи.

Од компанијата решија и да го зголемат ограничувањето на бројот на пријатели, но само за јавните профили на политичари, познати личности и сајтови, додека сеуште максималниот број на пријатели кој може да биде додаден од страна на индивидуален корисник е 5.000.

{mosimage}

"Промените ќе се случуваат полека, до крајот на следните неколку дена сите корисниците би требало да имаат нов изглед на почетната страна." – објаснува продукт менаџерот на најголемата друштвена мрежа, Петер Денг.

Оваа популарна друштвена мрежа напредува навистина добро, дури и во Mакедонија за само 6 месеци стана вистински хит. Од само ~20.000 македонци на Facebook во август, 2008 година, сегашниот број изнесува над ~150.000. Кориснички профили и посебни групи се прават и за голем број на македонски ѕвезди, компании, се рекламираат локални настани, а со претстојните избори неизбежно е да забележите и политички пропаганди и кампањи.

{mosimage}

Создавачот на Facebook, Марк Зукерберг очекува до крајот на годината бројот на корисници да се зголеми од сегашните 175 милиони на 200 милиони.

Дополнително, еве уште неколку интересни официјални статистики за сајтот:

  • Повеќе од половина корисници на Facebook имаат завршено факултет
  • Просечниот корисник има 120 пријатели
  • Повеќе од 3 милијарди минути се поминати на сајтот, дневно!
  • Повеќе од 18 милиони корисници ги менуваат своите статуси најмалку еднаш дневно
  • Повеќе од 850 милиони слики и 7 милиони видеа се објавени на сајтот секој месец
  • Повеќе од 70% од корисниците на Facebook се надвор од САД
  • Постојат над 52.000 апликации достапни преку Facebook платформата
  • Повеќе од 95% од членовите користеле барем една апликација



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments