Надополнето: Спас за весниците, втор дел

во Веб

{mosimage}(11.03.2009) Познатиот англиски весник Guardian објави отворена платформа преку која се овозможува креирање на апликации со кои може да се добие бесплатен пристап до содржината на весникот. На кратко, Guardian ќе му дозволи на секој кој сака да ја објави нивната содржина (преку милион текста објавени во периодот од 1999-2008) на својот сајт/блог на начин на кој тоа е соодветно за корисникот…

Во време кога многу весници губат со бесплатната онлајн содржина и
размислуваат да наплаќаат за истата, Guardian, заедно со NYT и јапонските весници, преку апликации го најдоа начинот како да ги пренесат рекламите од печатените верзии до корисниците. Поентата на апликациите за содржина е тоа што со секоја поставена апликација Guardian може на неа да објавува реклами. Еве како тоа изгледа, сликата е од сајтот на the Cass Sculpture Foundation, еден од првите сајтови кои ja користат отворената платформа на Guardian.

{mosimage}

Во конкретната апликација од сликата на горенаведениот сајт, апликацијата ги листа сите вести/текстови кои се напишани за уметникот Антони Гормли во Guardian. Еве додатни примери како изгледа една апликација за пребарување на содржина, апликацијата на Zemanta и ContentTagger.

Open Platform на Guardian се состои од 2 дела: Content API
механизам за прикажување на содржината т.е текстовите на Guardian, и е бесплатен сервис за кој мора да се почитуваат вообичаените правила на користење и Data Store – колекција на квалитетни податоци и статистики изработени од новинарите на англискиот весник.

Најинтересниот дел за апликациите е тоа што изборот на тоа каква содржина ќе се најде на апликацијата е избор на самиот корисник, така што оваа платформа може да се најде на голем број сајтови и тоа ќе му овозможи на Guardian да понуди рекламен простор на сајтови што не се во негова сопственост. Но и самите корисници можат да си стават реклами на истите апликации и да си го задржи профитот, но според правилата ќе мора да се приклучи на мрежата на реклами на Guardian.

Интересен начин да се прошири досегот на весникот и неговите рекламни партнери. Моментално апликациите дозволуваат само текстови, без видео и слики, бројот на апликациите е ограничен и секоја апликација ќе има лимит до 5.000 барања дневно… сепак станува збор за почетна фаза. Но најважно од се останува да се види како корисниците ќе реагираат на отворената платформа и слични вакви апликации.

Надополнето: 12.03.2009 (07:00):
Вчера на Mashable, беше објавен пост од Вуди Луис, експерт за друштвени мрежи, кој пишува на својот блог како да се спасат весниците. Тој за Mashable пушува како гостин-соработник и наведе 10 начини како весниците ги користат друштвените мрежи да ја спасат индустријата.

1. Twitter – пример: New York Тimes кој покрај 280.000 следбеници на сервисот за микро-блогирање, весникот креираше на Twitter и посебни секции од весникот, пример: уметност

2. Сопствениците на весниците купуваат друштвени мрежи – пример: издавачот Gannet Co., во чија сопственост се 85 весника, во ноември 2008 ја купил Ripple6, компанија која прави платформа за друштвена мрежа

3. Организирање на онлајн настани – германскиот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung организирал онлајн настан за промоција на роман. На настанот биле промовирани видео и аудио на кои популарни глумци читале од книгата и отварале тематски дискусии.

4. Промоција на содржина создадена од корисниците – користење на граѓанско новинарство, купување или креирање на платформи за фотографии… пример: Cincinatti Enquirer во 2007 ја купува CaptureCincinnati.com, платформата за фотографии.

5. Онлајн заедници кои произведуваат приказни – канадскиот Cover It Live

6. Колаборативни новински сервисиYoosk, британски сервис кој им дозволува на корисниците да испратат прашања кои подоцна ќе бидат искористени за интервју со некој политичар.

7. Прилагодена испорака MediaNews Group објавила дека работи на сервис што ќе им дозволи на корисниците сами да си одберат од кои области да добиваат вести, I-news.

8. Брендирани заеднициMySTLtoday, онлајн заедница чии приказни се објавуваат во локален весник.

9. Апликации – тексот пoгоре за Guardian

10. Палење на бродот кој те доведе – г-дин. Луис со ова мисли дека многу весници ги гасат пресите за хартиените печатени изданија и стануваат онлајн весници.



Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments