И Google се заинтересира за таргетирани реклами

во Веб

{mosimage}Добро, Google си е огромна компанија и работеле зад кулисите на таквите проекти, но сега станува и официјално – Google стартуваше систем кој ќе прикажува реклами базирани на претходната онлајн активност на корисниците… нешто што Yahoo! го направи пред само неколку недели. Но, корисниците ќе имаат шанса да пристапат до тие профили или датабази и да си изберат какви реклами сакаат да гледаат.

„Денеска ги стартуваме рекламите базирани на интерест за бета тестирање на сајтовите на нашите партнери и на YouTube. Овие реклами ќе ги поврзуваат категориите на интерест – да кажеме спорт, градежништво, автомобили, миленичиња – со вашиот прелистувач, според видот на сајтовите кои сте ги посетиле и страните кои сте ги отворите. Ние може тогаш да ги искористиме тие категории на интерест и да ви прикажеме порелевантни реклами“ пишува на блогот на Google, кои додаваат дека се свесни за стравот од нарушување на корисничката приватност и затоа рекламите имаат транспарентност, избор и контрола.

Ова иако се случува по потпишување на принципите за онлајн рекламирање, сепак темата за таргетираните реклами сеуште е контраверзна.

{mosimage}

Еве што кажа сир Тим Бернерс-Ли, создавачот на WWW:

„Ние го користиме интернетот без помисла дека трета страна може да знае на што сме кликнале. Но URL-ата и тоа што луѓето користат откриваат многу податоци за нивните животи, интереси, омрази и стравови. Ова се исклучително осетливи информации.

Луѓето го користат интернетот во кризни моменти, кога се прашуваат дали имаат сексуално преносливи болести, или рак, кога се сомневаат во својата сексуалност и дали да зборуваат за неа.“ вели г-дин. Бернерс-Ли и прашува како луѓето ќе гледаат на интернетот во кризните моменти ако знаат дека некој ги набљудува. „Во моментот кога тие информации ќе постојат, тие можат да бидат искористени од компанијата или од некој внатре во компанијата“ вели тој.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments