1 коментар 1 мин. читање 22 мај, 2012

Facebook повторно ќе го редизајнира Timeline?

Facebook тестира нов изглед на Timeline, вели Карл Франзен од TPM, чиј профил го доби новиот изглед. Друштвената мрежа му потврди дека тестираат нов изглад со ограничен број на корисници, но одби да коментира дали тој профил ќе биде прифатен и кога.

Новиот изглед е со мали промени на почетокот на профилот, каде корисничките податоци и име се транспарентно поставени врз големата почетна слика. Се забележува и мало затемнување, за да се читаат буквите поубаво, што му дава интересен изглед на профилот.

Сите останати информации како пријатели, фотографии, мапи и омилени интереси се смалени и се веднаш под сликата, што најверојатно ќе придонесе кон истакнување на постовите, за разлика од сега каде мора да скролнете подолу за да го видите најновиот пост, кој на помали монитори не се гледа поради големата слика.

Што мислите, ви се допаѓа?

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Ухост Веб хостинг

Па подобро изгледа одколку сегашниот.

Мени
Заедница
Изглед
To top