1 коментар 1 мин. читање

Facebook овозможи тагирање на пријaтелите во апликации

Facebook од денес им овозможува на корисниците да ги означуваат (тагираат) пријателите во трети апликации како друштвени игри, пишува во официјалнот блог пост.

Со оваа промена во Open Graph, сега ќе можете вашите пријатели да ги тагирате во апликациите како Foursquare. Така, сега доколку некој ве спомене во апликација која користи Open Graph, пораката ќе се појави на вашиот профил.

Исто така, овозможени се два начини на означување во апликациите од трети страни – Mention и Action. Разликата е во тоа што „Mention“ се користи за означување на пријателите во пораката, додека „Action“ е за споменување. Сликата подолу ја објаснува разликата помеѓу овие две функции.

Доколку сакате оваа функција да ја овозможите во вашата апликација, потребно е да ги обновите вашите поставувања и да ја ре-испратите апликацијата.

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top