0 коментари 2 мин. читање 22 август, 2012

Normalize e iOS апликација против хипстерските ефекти на Instagram

Instagram e одлична апликација, секако, но можеби се претера со користењето на „хипстерските“ филтри кои често знаат да уништат добра фотографија. За среќа, Џо Мецировски ја разви Normalize, апликација за iOS која ги отстранува ефектите направени со Instagram.

Normalize е брз и едноставен начин да и даде нов живот на вашата фотографија. Техниката за подобрување на сликата која ја користи оваа апликација само ја прави фотографијата пожива и нема ниту да се примети дека има додадено некакви ефекти.

Се што треба да направите е само да ја стартувате апликацијата, изберете слика и филтрите автоматски ќе бидат додадени. Исто така, со повлекување со два прсти ќе можете да ја видите споредбата со оригиналната слика. Нормализирајте ја вашата слика и кажете не на прекумерното користење на ефекти од апликациите како Instagram.

Цената на апликацијата е 0,99$ и можете да ја најдете во iTunes App Store.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top