Amazon со консултантска програма за вештачка интелигенција ќе им помага на корисниците на облакот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Image courtesy of Amazon

Вештачката инелигенција е тука, но многу од нас не ги познаваат доволно можностите. Amazon Web Services сака да им помогне на своите корисници подобро да се запознаат со можностите кои им ги нуди облакот со вештачка интелигенција.

Решението ќе им овозможи на корисниците на AWS пореку разговори со експерти да го прилагодат своето решение. Програмата ќе биде поделена во два дела: Amazon ML Solutions Lab и ML Solutions Lab Express.

Со оглед на тоа што бројот на експерти за вештачка интелигенција не е голем, ова ќе им помогне и на компаниите.

Партнерството на Amazon ML Solutions ќе трае помеѓу 3 и 6 месеци. Во овој период клиентите ќе добијат функционален модел. Тимот од Amazon ќе им објасни на експертите од компаниите на што може да се надеваат во иднина.

Планот на Amazon е ако има потреба, да ги донесе на едно место вработените во компанијата на забрзана програма за вештачка интелигенција. Тоа е вториот дел од планот, Amazon ML Solutions Lab Express. За 3 до 4 недели соработка, тимот од Amazon и компанијата ќе можат набрзина да креираат модели.

Вештачката интелигенција и нејзиниот развој се во рана фаза, па голем дел од корисниците, не знаат што може да очекуваат. Поради ова или имаат превисоки очекувања или воопшто не ја користат. Со програмата на Amazon треба на корисниците да им се објасни што и колку може да очекуваат од вештачката интелигенција. Можеби потегот на Amazon сепак најдобро покажува колку е дефицитарен кадарот со доволно познавање на вештачката интелигенција.

Помошта на Amazon ML Solutions Lab е достапна глобално. Ова не важи за ML Solutions Lab Express кој е достапен единствено во САД.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments