0 коментари 2 мин. читање 28 мај, 2012

Facebook најмува инжинери од Apple за да направи свој паметен телефон

Дали може софтверска компанија да си направи свој мобилен телефон, прашува блогот Bits На New York Times. „Наскоро ќе дознаеме“ се вели во текстот кој ни открива дека негираните гласини од пред две години се точни – Facebook планира да претстави свој мобилен телефон.

Bits доби информации од неколку вработени и инжинери на Facebook кои работат на проектот. Тие велат дека паметниот телефон на Facebook ќе се појави до следната година. Дел од луѓето кои ќе работат на телефонот се поранешни вработени од Apple кои имаат работено на iPhone и iPad.

Интересно, ова е третиот обид на Facebook да претстави свој телефон. Од првиот обид се откажале откако ги виделе проблемите со кои ќе се соочат, а вториот е проектот со HTC да креираат телефон Buffy кој сè уште е во изработка.

„За Facebook мотивацијата е јасна.“, пишува Bits. „Kaко нова јавна компанија, мора да најде избори на приходи, и се плаши да не заостане на мобилниот пазар, една од најперспективните пазари во развој“.

Но, ако не успее да креира свој паметен телефон, за кој најмуват инжинери со такво искуство, можно е да се случи Facebook да купи компанија која произведува мобилни. Проблемот на Facebook не е квалитетот на апликациите, од неодамна го имаат и Instagram, туку нивната интеграција и како да заработат од нив.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top