Претседателот на Kaspersky, Јуџин Касперски побара од светските авторитети да направат договор за сајбер нападите, кој би требало да биде сличен и на исто ниво како договорите за некористење на биолошко, нуклеарно и хемиско оружје. Според Касперски, организираните сајбер напади се закана број еден за интернет и број еден закана со која се соочува светот во денешно време.
Како пример тој го посочи црвот Stuxnet како оружје кое може физички да ја оштети инфраструктурата (Stuxnet ги напаѓа програмабилните логички контролери кои се користат во SCADA системите). Неговата ефикасност ја видоа научниците кој работеа во иранските постројки за збогатување на ураниум, а интересно нападот и развивањето на црвот е поефтино од конвенционалните оружја. Како поголем проблем тој ги посочи непредвидените грешки во алатките кои се користат за одбрана од сајбер напади поради кои штеата може да биде многу поголема од предвидената. Како позитивно во денешо време тој на CeBIT во Сиднеј истакна дека сајбер криминалот е речиси исчезнат и интернет кражбите ќе бидат намалени во иднина. Украина бече посочена како бивша последна безбедна зона за сајбер криминалците.
Касперски ги посочи нападите како удар и врз демократијата, бидејќи небезбеден интернет ќе ги прекине напорите за онлајн гласање кај новите генерации. Во модернoто општество интернет секако е едно од основните човекови права, иако тоа не е јасно декларирано.
Како проблематично Касперски го посочи и влијанието кое го имаат друштвените мрежи, поточна опасноста од манипулација со овој медиум, уште повеќе ако „погрешни луѓе имаат добра стратегија за манипулација со народот“. Понуденото решение е наместо слободни друштвени мрежи какви што имаме сега, во иднина тие да бидат „набљудувани“ од „Големиот Брат“, бидејќи според него, неконтролираните друштвени мрежи се опасни! Не сум сигурен како Касперски го замислуваат концептот на „Голем Брат“ и како помислиле дека било кога може да има позитивна конотација, но секој пат кога некој се обидува да не убеди во поголема безбедност, во замена на мали отстапки кои ќе треба да ги прифатиме се присетувам на цитатот на Бенџамин Френклин: „Тое кои се откажале од основната слобода во замена за привремена безбедност, не заслужуваат ниту слобода ниту безбедност“.







