Dell го претстави првиот таблет компјутер кој ќе работи на новиот Windows 8 оперативен систем. Latitude 10 ќе биде со 10,8 инчен таблет компјутер со 1366×768 резолуција, Atom процесор со две јадра, Intel графичка картичка, 2 GB RAM и 128 GB SSD. Интересно, ќе може да се вади батеријата и да се додаде нова. Има една помала што држи 6 часа, и поголема од 12 часа. Ова ќе биде доста привлечна понуда за сите фанови на Windows.
Но, иако хардверските спецификации изгледаат задоволително, сепак мора да гледаме на таблетот со резерва бидејќи Windows 8 е нов оперативен систем за кој ќе треба нови оптимизирани апликации. Ова е најпопуларниот оперативен систем, но за десктоп компјутери. Ова му е деби со таблет компјутери.
