Се чини дека во Facebook е време за промени. По промените во алгоритмите за прикажување содржина, Facebook најави дека наскоро на корисниците ќе започне да им прикажува повеќе локални вести.
„Започнувајќи од денес ќе ви прикажуваме повеќе приказни од вашиот град“, најави г. Марк Закерберг.
Промената, ако му веруваме на г. Закерберг доаѓа на барање на корисниците кои постојано бараат од друштвената мрежа да им прикаже приказни од градот во кој живеат.
Промената ќе ги приоретизира локалните вести за сметка на глобалните. Секако, ова е случај единствено кога корисникот ги следи и двата извори.
„Луѓето постојано ни кажуваат дека сакаат повеќе локални вести на Facebook. Локалните вести ни помагаат да ги разбереме прашањата кои се важни во нашата заедница и влијаат на нашите животи. Истражувањата покажуваат дека читањето на локални вести директно влијае на граѓанската вклученост“, вели г. Закерберг.
Претходните промени најавија промени во содржините кои ќе доаѓаат до корисникот. Според најавата, најверојатно на ѕидот ќе има повеќе содржини од пријателите или барем познаниците, отколу од медиумите и компаниите. Се чини дека и овој чекор е во слична насока, приближување на корисниците со локациите каде се наоѓаат.
Сепак, потегот е во насока на помош на помалите и локални изданија кои се најпогодени од неодамнештните промени. Дали навистина со тоа ќе се зголеми нивното присуство на друштвената мрежа ќе треба да почекаме и да видиме.