0 коментари 2 мин. читање 28 септември, 2018

Facebook најави нов сет за виртуелна реалност, Oculus Quest

Oculus Quest е нов уред за виртуелна реалност од Facebook. Она што е најверојатно ќе биде најкарактеристично ќе биде што ова е првиот уред со следење на позициите. Facebook го претстави овој уред пред две години, а оттогаш имаше неколку надградби, од можноста за следење, п се до контролерите.

Важно е и што уредот доаѓа со над 50 видеоигри изработени специјално за него.  Ова најверојатно ќе биде најевтиниот уред за виртуелна реалност  кој ќе може да оперира самостојно, без компјутер.

Уредот се следи со помош на четири камери кои се завртени кон надвор, а поставени се на аглите на „очилата“. Дополнително не само што се следат очилата, туку се следи и позицијата на контролерите, што најверојатно ќе овозможи некои интересни управувања во игрите.

Она што најверојатно е и поважно е дека развивачите неколку месеци веќе имаат пристап до Quest. Бројот на игри достапни на уредот ветува, а 400 долари за самостоен уред е попристојна цена од Oculus Rift, кој чини 400 долари, а сепак е потребен и помоќен компјутер за користење.

Најверојатно најважно за компанијата ќе биде да даде одговор на прашањето дали ќе обезбедат содржина која ќе биде доволно интересна да ги привлече корисниците.

Oculus Quest доаѓа пролетта 2019, за цена од 400 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top