Apple планираше да им помогне на родителите да го ограничат времето кое нивните деца го минуваат на интернет. Сепак компанијата како да подзаборави дека децата се повешти со технологија од родителите. По сѐ изгледа се попаметни и од вработените во компанијата.
„Screen Time“ е функционалност која требаше да го ограничи времето кое децата го минуваат на iPhone, но наместо тоа добивме куп интересни примери како да се заобиколи оваа заштита.
Reddit е преполн со примери, а најдобрите ги пренесе и The Next Web.
На пример:
Едно од децата сфатило дека може да ја избришете и да ја реинсталира апликацијата секојпат кога ќе го надмине времето предвидено за играње. По секој поминат час детето ја бришело и инсталирало апликацијата и си играло неограничено по инсталирањето. Благодарение на снимањето во облак, можело да продолжи каде и што застанало. Ова може да се среди ако родителите им забранат на децата да инсталираат апликации, но секако тоа не е предвидено оригинално.
Друго дете ја користело iMessage апликацијата за да си испраќа видеа на телефонот, ако YouTube апликацијата е блокирана. Кога апликацијата за гледање видеа е блокирана видеата во iMessages остануваат достапни.
А ако ова не е доволно, децата можат да го ресетираат (променат) времето на телефонот и со тоа да си обезбедат играње во сосем нов ден.
„Бев многу возбудена кога слушнав за ограничувањето за користење на iOS. Додека мојот 13 годишник за две минути не откри дека може да го ресетира времето/датата на телефонот за неограничено играње“, вели melindafromhager на форумот на Apple.
Најверојатно на овој форум го добиваме и најдобриот одговор:
„Работам во индустријата за онлајн безбедност и можам да ви кажам дека со години гледам деца – вклучувајќи ги и моите – кои прават работи кои ниту најдобрите владини тимови и white hat групи не би ги направиле подобро. Откажете се веднаш.“