Google го покажа Android М и неговите интересни новитети

Како што е редот, Google на својата конференција Google I/O, која се одржува секоја годинa, и овој пат презентираше куп новитети кои ќе бидат имплементирани во новата верзија Android M, но и нови технологии и насоки за во иднина. Чоколадата кое ќе го позајми името на новата верзија на Android ќе треба да почекаме, бидејќи компанијата се уште не го објави официјалното име. Засега се вика Android M, но веќе се познати дел од промените кои ќе бидат достапни на новата верзија.

Еден од новитетите со кој доаѓа Android M е поддршка за USB Type-C. Корисниците ќе можат да изберат конекција по вклучување на кабелот во зависност од тоа дали сакаат да го полнат телефонот преку полнач, преку дополниелна батерија, поврзување со некој надворешен уред, пример тастатура или сакаат да префрлаат фајлови. Новитет е и поддршката од оперативниот систем за читачите на отпечатоци кој дел од производителите ги инсталираа во своите телефони, но сега за прв пат се официјално поддржани на Android. Google го претстави и конкурентот на Apple Pay, Android Pay. Сервисот има слична функционалност и овозможува плаќање преку паметен телефон. Покрај продажбите во апликациите, Android Pay поддржува и плаќање во 700.000 продавници на партнери. Корисниците на телефони кои доаѓаат со отчитувач на отпечатоци ќе можат и да ја протврдат трансакцијата со отпечаток од својот прст.

Еден од новитетите кои доаѓаат со Android M е промена во начинот на кој апликациите бараат пермисии од корисниците, наместо предолгите листи во кој е сместено буквално се што може да и затреба на апликација, со излегувањето на новата верзија на оперативниот систем, нотификациите ќе пристигаат кога ќе бидат потребни, без разлика дали е потребно да се активира микрофон, камера или да лоцирање на корисникот. Doze е функционалност на Android M која овозможува деактивирање на сензорите во ситуација кога уредот е статичен. Оперативниот систем во овој случај ќе ги „заспие“ сензорите, а со тоа и потрошувачката на енергија ќе биде намалена. Нотификациите и алармите ќе останат активни и во овој случај, па корисникот навремено ќе биде известен за сите важни случувања.

Претпоставките дека Google и официјално ќе ја објави Google Photos на Google I/O се покажаа точни. Апликацијата овозможува едноставно подредување на фотографиите, промени, додавање на едноставни филтри или креирање на GIF, видео и колажи. Google Photos има и неограничен простор за сместување на фотографии.

Најавени се подобрувања и во Android Wear, нови гестукулации со една рака кои ќе овозможат користење на преносните компјутери, главно часовниците со употреба на една рака. Дополнително новата верзија доаѓа со штедлив мод, кој овозможува нотификациите да пристигаат и во случај кога екранот е исклучен.

Google го претстави ја престави и својата платформа за интернет на нештата, Brillo и Weave се базирани на Android, а овозможуваат поврзување на сите паметни уреди. Можеби најголема предност на компанијата на ова поле е креаторот на Nest кој има огрoмно познавање за потребите на уредите и корисниците кога е во прашање Интернет на нештата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments