ИТ настан: Мicrosoft стартува регионален натпревар во Windows Phone апликации

Доколки сте девелопер, студент или стартап од Македонија, Microsoft ве поканува на учество во Microsoft AppStar натпреварот. На девелоперите, стартапите и студентите од Македонија, ќе им се приклучат нивните колеги од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ерменија, Естонија, Кипар, Латвија, Литванија, Малта, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Условот за учество е креирање на нова Windows Phone 8.1, односно Windows 8.1 апликација или надградба на веќе постоечка Windows Phone 8 или Windows 8 апликација. Натпреварот е поделен во четири дела, а на крајот на септември, декември, март и јуни ќе бидат избрани најдобрите апликации за секоја држава од последните неколку месеци, а најдобри апликации ќе бидат одбрани и за секој месец.

Иако на натпреварот можат да учествуваат сите видови апликации за секоја рунда ќе биде промовиран различен тип на апликација, а првата рунда започнува со шопинг и игри. Универзалните апликации добиваат екстра поени, а Microsoft е отворен за помош на девелоперите за подобрување на апликациите. Засега Ultimate AppStar е ограничен на споменатите држави, но Microsoft најавува и проширување. Натпреварот за септември е веќе започнат, а за повеќе податоци можете да ја посетите Facebook страната на AppStar.

(Tnx до Ertay Shashko што го сподели линкот)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments