Обама навива за интернет неутралност; сака да ги поддржи новите иновативни сервиси

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Свет

Претседателот на САД, Барак Обама, е против воведувањето на приоритизиран интернет сообраќај, кој можеби до крајот на годината ќе биде воведен преку брзите ленти (fast lanes) по предлог на FCC.

„Едно од прашањата кое се поставува околу интернет неутралноста е дали креирате различи цени за различните креатори на содржини. Тоа е најголемото прашање овде. Имате големи, богати медиуми кои можеби сакаат повеќе да платат или да наплатат повеќе за поголем опсег, за стримот на нивните филмови да биде побрз. Мојата и позицијата на мојата администрација, но и на голем дел на компаниите е дека не сакаме да правиме разлика за тоа како им е достапен Интернет на различните корисници. Сакаме да биде отворен за следнитe Google и Facebook да можат да успeат“, објасни Барак Обама, во обраќањето до новинарите на средбата на африканските лидери во Вашингтон.

Ставот на претседателот Обама е во спротивност со ставот на Федералната комисија за комуникација, иако најголем дел од заговорниците на слободен и отворен интернет предлагаат провајдерите да бидат рекласифицирани како компании кои овозможуваат пренос под Title II на Communication Act.

„Претседателот разбира зошто е важна интернет неутралноста, но за жал претседателот на FCC сè уште не го разбира ова. Единствен начин да се запре диференцијацијата и дискриминацијата за која зборуваше претседателот е да се рекласифицираат провајдерите како „превозници“ под Title II од Законот за комуникации“, вели преседателот на Free Press, Крег Арон.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments