{mosimage} Само неколку дена од Европскиот ден за онлајн безбедност, имам пример кој покажува зошто е потребна сериозност на оваа тема. „Мисли пред да постираш“ е кампањата на ЕУ наменета да ги научи помладите интернет корисници да внимаваат што прават онлајн со нивните лични податоци. Но… за жал не само што младите не се информирани туку и нивните родители не се свесни што се работи.
Еве пример: Елена е девојче чиј профил е комплетно јавен на Facebook, а до кој јас дојдов преку линк на Twitter. Се работи за малолетно девојче кое не само што објавува лични информации онлајн, туку наивно ги дополнува со уште лични податоци.
Пример, еве како таа одговора на прашање од, најверојатно, нејзин пријател. Прашањето т.е коментарот е оставен на една нејзина слика, а иако прашањето „кое е оваа девојка?“ сугерира дека можеби не се познаваат, сепак мислам дека и е пријател. Но… тоа што е интересно е одговорот кој не само што го кажува точното име и презиме, туку и роденденот и матичниот број.
{mosimage}
Можеби нејзиниот пријател воопшто нема да се грижи за сите тие податоци, но постојат луѓе кои ќе можат да ги злоупотребат. Пример, лажно преставување. Интересно во целава ситуација е што иако Facebook воведе правила да се заштитат личните податоци, иако Google не дава линк до малолетните профили сепак младите корисници одржуваат јавни профили.
Надополнето: Откако ја контактиравме, нејзиниот профил сега е приватен и информациите се избришани, но текстот останува како пример дека треба да: бидете претпазливи со податоците, внимавајте што објавувате и информирајте се за приватноста.
Корисни линкови