1 коментар 2 мин. читање 5 август, 2010

ИТ.мк: Преку интернет до подобро вино

„Со ова интернет страна сакаме да допреме не само до повеќе потрошувачи, но и до оние кои се ограничени со време, кои бараат попрецизни информации, кои сакаат да научат нешто повеќе за виното. На овој начин лесно, брзо, прегледно и безбедно корисниците можат да си овозможат задоволство при изборот и купувањето на вино и додатоци од било кое место и било кое време.“ вели Билјана Кочо од Вино М, дистрибутер на вина од преку 20 винари од светот.

Од македонски аспект, wine.mk е доста интересен сајт бидејќи се работи за специјализирана продавница, се работи за само еден продукт – вино. Македонија иако има одличен потенцијал за е-трговија сепак таа е нова област. Тука чувството е дека интернетот е ново нешто, камоли е-трговијата. Неодамнешното истражување на New Moment покажа дека корисниците немаат навика да посетуваат портали за интернет купувања, а и дека храната и пијалоците не се меѓу омилените производи кои се купуваат преку мониторот.

Но, од друга страна е-трговијата функционира одлично ширум светот, а во Македонија само што започнува да се размислува за оваа шопинг варијанта. Па, зошто да не купуваме онлајн?

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Miki
Miki
15 years ago

Odlicno, bravo :-))

Мени
Заедница
Изглед
To top