8 коментари 1 мин. читање

Сите Tutorijali.mk на едно место

Претходно IT Ways, сега Tutorijali.mk, сајтот е креиран за едукативни цели, нудејќи туторијали за најразлични ИТ нешта, од водичи за користење на оперативни системи до веб дизајн и веб сервиси.

Сајтот нуди листа на туторијали кои може да ги прегледате, но и опција да закачите и да споделите ваше едукативно дело без потреба да се регистрирате. Сите туторијали се и треба да се на македонски јазик, со наведен извор од оригиналниот автор.

Tutorijali.mk го пополнуваат празниот простор оставен од Tutoriali.com.mk кои работеа на ист концепт и кои по скоро една година престанаа да функционираат. Двата сајта се водени од различни луѓе.

„Сајтот ни е во прв план, но покрај него, бидејќи ни беше некако празно, креиравме и форум каде што нашата идеја е да се полни со книги/туторијали… каде што членовите можат да побараат креирање на туторијал за одредена тема кои што тие ќе ја зададат, и во најкратко време да им го овозможиме тоа.“, вели Tале Нестеров, основач на Tutorijali.mk.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top