IBM е се поблиску да креира процесор кој функционира како човечки мозок

во Хардвер

IBM ја претстави втората генерација на TrueNorth процесори со кои повеќе се приближуваат до процесор кој функционира како човечкиот мозок. Процесорот доаѓа со милион програмабилни неврони, 256 милиони програмабилни синапси и 46 милијарди синаптички операции.

„Во раката држам нова машина за ново време. Кога го започнавме проектот SyNAPSE многу луѓе велеа дека е невиозможно. Ако се завртиме кон иднината, можното ќе постане реалност. Ова може да отвори нови граници за научно истражување и комерцијална експлоатација“, вели Дармендра Мода.

TrueNorth доаѓа со 5,4 милијарди транзистори и покрај ова сè уште успева да биде еден од најштедливите процесори досега направени. Чипот е креиран како дводимензионална меш мрежа од 4.096 дигитални невросинаптички јадра. За разлика од процесорите кои за пресметки ја користат својата моќ за математички да ги решат проблемите, TrueNorth функционира како човечкиот мозок. Процесорот ја следи поврзаноста на „настаните“ и дали овие настани ќе доведат до акција.

„Кога невроните на чипот се активираат, започнува бинарен одговор кој процесорите на секој неврон ги проценува. Кога ќе добие доволно повратни информации системот разбира каде информацијата треба да се смести и одлучува како да реагира на оваа стимулација. Во основа, чипот учи.“

Новите креирани системи би можеле да се користат во роботи кои ќе се движат по области погодени од природни непогоди, без притоа да треба често да се враќаат на полнење или како помош за луѓето со пречки во видот. Системот може да се користи и во беспилотни летала, што можеби и објаснува откаде заинтересираноста на DARPA да инвестира 53 милиони долари во SyNAPSE.

[youtube]5izS3lAZHmI[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments