0 коментари 1 мин. читање

Хакери пуштале AC/DC сред ноќ во иранска нуклеарна централа

Иранските нуклеарни централи се мета на секакви хакерски напади и индустриска шпионажа, од кои најпознат е софестицираниот вирус Stuxnet со кој американските, и најверојатно израелските власти, крадеа информации и ја саботираа работата на иранските научници. Но, малку е познато дека нуклеарните централи биле мета и на хакери кои сакале само малку да се забавуваат.

Финскиот безбедносен експерт Мико Хипонен на Black Hat 2014 конференцијата раскажа приказна, пренесена од Venture Beat, дека Организацијата за атомска енергија на Иран го контактирале да им помогне околу вирус кој ja пуштал песнaтa Thunderstarck од AC/DC сред ноќ од различни работни станици и тоа најгласно што се може. Рок музиката е забранета во Иран според муслиманските правила, па ваквите спорадични хакерски испади се провокација на верска и културна основа, но и опомена дека компјутерите не се безбедни.

„Можеби, [хакерите] сакале да им покажат на вработените дека ИТ одделот не може да ги заштити“, вели г. Хипонен. „Ако вашиот компјутер пушта AC/DC, знаете дека нешто се случува, и знаете дека вашиот ИТ оддел изгледа глупаво, бидејќи тие не можат да го спречат тоа, ниту можат да го избришат малициозниот софтвер. Можеби се само игри со умот, и можеби никогаш не се случило, можеби овие дечки се шегувале“.

[youtube]v2AC41dglnM[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top