Станете сертифициран iФотограф со вашиот iPhone

0 коментари 1 мин. читање

Сега кога iPhone 4 е најпопуларната камера за фотографирање на Flickr, што е индикатор за поширока и честа употреба на iPhone како направа за фотографирање, доаѓаме до прашањето: како можеме да станеме подобри фотографи користејки камери од мобилни, во случајот специфично iPhone?

Курсот за iPhone фотографија се одржува во Kensington и Chelsea универзитетот во Лондон и се работи за општо усовршување на фотографските способности како композиција, боја, осветлување, но и учење за тоа како подобро да се искористат специфични апликации како Instagramили Camera+.

iPhone 4 има предна камера од 5 мегапиксели, што во повеќето случаи е доволно за опуштениот аматер фотограф, но со воведувањето на 8 мегапиксели камера во iPhone 4S, веќе стапнуваме во територија на попрофесионални камери поточно нивниот опсег на резолуција.

Во меѓувреме ако не можете да престојувате за викенди во Лондон и присуствувате на овие курсеви по фотографија со вашиот iPhone, постојат одлични веб страни каде можете да се информирате за нови апликации за фотографирање, пост продукција или да научите некои техники за фотографирање како на пример >iPhoneography.com

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Мени
Заедница
Изглед
To top