Facebook тестира рана фаза на Exchange Ads кои ќе се појавуваат во корисничкиот News Feed. Овие реклами ги таргетираат корисниците според нивната веб историјата, односно според посетените сајтови. Пример, ако пребарувате патики, Facebook ќе ви покаже реклами за продавници или фан страни за патики и спортска опрема.
Овие Exchange реклами постојат веќе година дена и на друштвената мрежа се појавуваат на десната страна на фидот. Но, новите реклами ќе бидат вметнати директно во News Feed-от. Exchange рекламите се покажаа како популарни кај огласувачите што е добар финансиски мотив за Facebook да ги вметне во „најинтерактивното место на Вебот“.
Мрежата ќе мора да биде многу внимателен и да го темпира соодносот на релевантна содржина од пријатели и релевантни реклами во News Feed-от во кој веќе се појавуваат спонзорирани реклами и промовирани постови. Но Facebook вели дека фрекфенцијата на рекламите во News Feed-от нема да се зголеми со промената, туку само ќе им се дадат повеќе опции на огласувачите.
Во моментов нема Exchange Ads за мобилните апликации. Знаејќи дека над 400 милиони корисници ги користат мобилните апликации, прашање на време е кога Facebook ќе почне да прави пари и од нив.








