2 коментари 2 мин. читање 27 март, 2013

„Најголемиот DDoS напад во историјата“ го забави глобалниот Интернет

Интернетот ширум светот е забавен поради најголемиот сајбер напад во историјата. Нападите се одмазничкa DDoS борба помеѓу организација која се бори против спам пораките и хостинг компанија. Пет национални агенции против сајбер криминал отворија истрага за инцидентот, вели BBC.

Нападот е предизивкан откако Spamhaus, непрофитна организација која им помага на имејл провајдерите во чистење на спамот, блокираше сервери од нејзината црна листа за кои се сомнева дека се користат за малициозни цели. Блокираните сервери и припаѓаат на холандската хостинг компанија Cyberbunker (се наоѓа во поранешен бункер на НАТО) која вели дека се бори за анонимност на интернет и е место за хостирање на било што освен на детска порнографија и тероризам.

DDoS е напад преку кој стотици компјутери (botnets) го преплавуваат серверот со огромен сообраќај до моментот кој тој ќе се „сруши“. Spamhaus вели дека нивните DNS сервери се бомбардирани со стрим од податоци од 300 гигабити во секунда. За споредба, DDoS напад од 50 гигабити може да сруши сајт на поголема банка. Безбедносни експерти за BBC ги нарекоа „најголемите напади во историјата“.

Но, анти-спам организацијата сè уште е отпорна на нападите кои според неа доаѓаат од Cyberbunker потпомогнат од руски и источно европски криминални организации. „Ние не смееме да паднеме. Spamhaus има над 80 сервери ширум светот. Ги изградивме најголемите DNS сервери што постојат.“, вели директорот Стив Линфорд. Google и други компании и се понудија на помош за да го апсорбираат целиот тој сообраќај.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Lektor
Lektor
13 years ago

Безбедносни експери

Smaphaus

Трпана
Трпана
13 years ago
Reply to  Lektor

Пато маосвно по цело село…

Мени
Заедница
Изглед
To top