0 коментари 2 мин. читање 10 февруари, 2012

Facebook ќе овозможи рекламирање на активности кога гледате, читате и слушате преку Open Graph апликации

Facebook продолжува да бара повеќе начини како да ја искористат предноста што ја имаат како најголема друштвена мрежа, за да овозможат повеќе начини да пренесат рекламна содржина. Уште од оваа недела Facebook ќе почне да им нуди на огласувачите опција да се рекламираат преку новите активности со цел нивната содржина да добие поголемо значење, т.е. да добие поголема присустност во „времепловот“ или дневникот со активности. веста за вашата активност таму доаѓа до неколку пријатели.

Секој пат кога корисникот слуша, чита или гледа некаква информација преку Facebook Open Graph апликација каде се споменува името на брендот, компанијата ќе може да платите активностите да добија повеќе прегледи. Таа активност ќе биде претворена во еден вид спонзорирана друштвена реклама. На овој начин рекламата е контекстуална и ненападна за корисникот, а Facebook прогресира во обидот сите реклами на Facebook да ги направи друштвени.

Сега за сега оваа опција е сè уште во пилот фаза со неколку корисници, но наскоро би требало да се прошири и да стане достапна за сите. Со тоа што Facebook апликациите стануваат се повеќе популарни, и се повеќе луѓе гледаат и слушаат преку Facebook Open Graph тип на апликации, ваква опција за друштвено рекламирање може да дојде во правилно време.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top