Chrome покажува 3Д љубов и за тие со постари конфигурации

1 коментар 1 мин. читање

Тимот што го развива Chrome, веб прелистувачот на Google, ја најави следната бета верзија на Chrome која вклучува поддршка за 2Д графика што префрла теретот од процесорот врз графичката карта.

Ова значи дека Chrome сега ќе има подобрен 3Д перформанс на стари оперативни системи на поспори компјутери како Windows XP, потфат за кој Google тврди дека е доста проблематичен поради огромниот спектар на различни конфигурации на хардвер и софтвер што постарите системи го содржат.

Оваа верзија е веќе овозможена за симнување за тие што сакаат да имаат најнов прелистувач и што не се грижат ако сеуште прелистувачот е во бета, што значи дека може да се соочат со некој грешки типични за рани бета верзии на софтвер.

Ако не сте толку бета авантуристи, сепак може да почекате оваа бета верзија да се имплементира во финалната стабилна верзија на Chrome, што не би требало да трае долго знаејки дека во Google брзо издаваат нови верзии на нивниот прелистувач.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top