Фондацијата Mozilla застана во одбрана на интернет неутралноста со петиција со која бара да се врати претходната дефиниција за провајдерите на интернет услуги со која тие беа ви групата со останатите „транспортери“. Наместо целосно враќање на старата регулатива, Mozilla предлага промени во вториот дел на Законот за комуникации на САД кој се однесува на односот помеѓу сервисите како Netflix, Amazon, Youtube или Dropbox. Сепак промената ги става интернет провајдерите во различна група со останатите транспортери, пишува Ars Technica.
„Во моменов Федералната комисија за комуникации (FCC) го смета последниот дел од рутирањето единствено во сооднос на провајдерот, на пример Comcast и крајните корисници. Mozilla ги повикува FCC да ја препознаат еволуцијата на техонологијата која доведе до два различни односи помеѓу провајдерите и компаниите кои ги нудат услугите (edge providers)“, се вели во соопштението.
Петицијата бара од FCC да го дефинира „последниот километар“ на „edge“ провајдерите како „пренос на растојание“ и како телекомуникациска услуга во Законот за комуникација, Овие услуги ќе ги опфатат сите интернет активности од гледање на видео на Youtube, купување на Amazon, до играње онлајн видеоигри на Xbox Live.
Петицијата е едно понудено решене кое Федералната комисија за комуникација воопшто не мора да го разгледува. Сепак тоа што го предлага Mozilla е со минимални промени да задржи интернет неутралноста во рацете на регулаторот. Предлогот подразбира и дека нема да има потреба да се менуваат законите кои се донесувани последниве предесеттина години, бидејќи ќе го класифицира широкопојасниот интернет како „информациски“ сервис. Целиот текст на петицијата можете да го рагледате и преземете од тука.







