0 коментари 1 мин. читање 6 мај, 2014

Chadder на Џон Мекафи е апликација за безбедно испраќање на пораки

Chadder е нова апликација за безбедно испраќање на пораки која доаѓа под покровителство на Џон Мекафи, креатор на познатиот безбедносен софтвер McAfee. Апликацијата, направена од Etransfr и Future Tense Private Systems, компанија основана токму од г.Мекафи, обезбедува пораките да може единствено да ги прочита единствено корисникот за кој се наменети, останатите кои можеби ќе ја видат пораката можад да видат единствено криптиран текст. Клучот за криптирање е достапен единствено на крајниот корисник што обезбедува дури и развивачите на апликацијата да неможат да ја отворат и прочитаат.

Засега апликцијата е достапна за Android и Windows Phone, но сè уште е во рана бета фаза, па не е невообичаено за корисниците да се жалат дека неможат да испратат пораки. iOS верзијата доаѓа наскоро.

[youtube]mXjmg9IgSMI[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top