0 коментари 1 мин. читање 15 октомври, 2012

Facebook ги учи корисниците како да ги оптимизираат своите страници

Facebook на своите корисници им нуди бизнис лекции кои се слободни за преземање, со цел да научат како да ги оптимизираат своите страници.

Содржината се менува месечно и на корисниците ќе им нуди упатства за како да ги користат своите страници, да го зголемат бројот на лајкови и како да ја зголемат верноста на своите фанови. Градењето на нови контакти и зајакнување на врските со веќе постоечките фанови може да ве однесе многу далеку во вашиот бизнис.

Постојат многу начини на кои можете да тргнете во лошо водење на вашите Facebook страници, па затоа тука е Facebook да ви помогне, а ваша единствена задача е да ја пополните формата за добивање на четирите чекори за успешно водење на бизнис страницата.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top