2 коментари 2 мин. читање 7 декември, 2012

Рекордна 1,47 милијарди евра казна за Panasonic, Philips и LG за местење цени на монитори

Европската комисија ги казни производителите на телевизија LG, Philips, Panasonic, Samsung, Toshiba и Technicolor со рекордни 1,47 милијарди евра бидејќи цела декада ги местеле цените на катодните цевки кои се користат во компјутерски монитори и телевизори. Тајванската Chunghwa Picture Tubes не беше казнете бидејќи и помогна на Комисијта да го открие картелот.

„Едни од најорганизираните картели“, како што ги нарекува ЕУ, работел од 1996-та до 2006-та година местејќи ги цените на катодните цевки кои ја одредуваат цената на мониторите и телевизорите за 50 до 70 отсто. Преставници на фирмите се собирале во Азија и Европа и на таканаречени „зелени состаноци“ се договарале за цените, по што играле голф заедно. По завршување на дружењето сите сметки биле уништувани.

„За скоро 10 години, овие картели ја спроведуваа најштетната анти-компетитивна операција, вклучувајќи местење на цените, поделба на пазарот, префрлување на клиенти, координација на капацитети и замена на сензитивни комерцијални информации.“, вели еврокомесарот за конкуренција, Жоакин Алмуниа.

Најголем дел од рекордната казна ќе ја добие холандскиот Philips, 313 милиони евра, па LG so 295 милиони евра. Panasonic, Samsung, Toshiba и Toshiba ќе го поделат останатиот дел.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@vlatko
13 years ago

Баш тоа. Кој ќе ги земе овие пари??

дејан
дејан
13 years ago

и што сега мене како оштетена страна дали некој ќе ми ги надокнади трошоците?

Мени
Заедница
To top
{title}