Најголемата друштвена мрежа, Facebook и платформата за споделување фотографии во нејзина сопственост, Instagram, забранија користење на податоци на корисниците за следење.
„Минатите неколку месеци преземавме мерки против развивачите кои креираа и рекламираа алатки за следење. Ова е во споротивност на нашата политика за користење. Сакаме сите да ги разберат правилата за користење и да ги следат.“, вели претставникот на Facebook.
Оваа забрана важи пред сè за девелоперите кои можеби ја користеле платформата за развој на платформа за следење. Одлуката е на барање на активистите кои бараа поголема приватност од друштвената мрежа. Минатата година полицијата во САД откри дека имаат специјален пристап до друштвената мрежа за следење на протести, јави Guardian.
Американската унија за граѓански слободи откри дека Facebook, Instagram и Twitter ги споделувале податоците со развивач на софтвер. Развивачот креирал софтвер кој потоа и помагал на полицијата и ги следел корисниците преку податоците кои ги споделуваат.







