1 коментар 2 мин. читање 3 август, 2012

Facebook има повеќе од 83 милиони нелегитимни профили

Откако минатата недела објави дека се приближуваат до бројка од милијарда корисници, сега друштвената мрежа вели дека имаа повеќе од 83 милиони нелегитимни профили.

Во извештајот од компаниајта велат дека 8,7 отсто од 955 милиони активни корисници ги нарушуваат правилата. Додека пак, повеќе од половина од тие 8,7 отсто, односно 4,8 отсто го нарушуваат правилото за единствен кориснички профил. Околу 2,4 отсто опфаќаат профилите кои се создадени со име на компанијата или организација, или пак за некое милениче, а 1,5 отсто од корисниците се означени како „непожелни“, односно профили со лажни имиња и сл.

Затоа, доколку за вашата организација или компанија користите профил, препорачливо е да создадете фан страница. Страниците се наменети за организациите и брендовите, додека профилите се за приватните корисници.

Доколку прекршувате некое од правилата, сигурно ќе добиете опомена, како што има добиено СП ФИНКИ, или ќе бидете блокирани. За да не дојдете во незгодна ситуација, прочитајте ги правилата за користење.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
mac
mac
13 years ago

wow. najvaznata vest na denot :D

Мени
Заедница
Изглед
To top